Изгубени и исчезнати градови низ историјата 2 дел

06 април, 08:31

Во продолжение дознајте нешто повеќе за други, исто така многу добро познати, изгубени и исчезнати градови низ историјата. 

Со исчезнувањето на еден град исчезнувале и цели цивилизации и народи. 

Немилосрдни и фатални биле климатските промени и природните појави за овие мистични градови. 

 

Тикал
На територијата на денешна северна Гватемала била лоцирана една од најголемите метрополи на цивилизацијата на Маите. Тикал бил главен град на едно од најмоќните кралства во тоа време.
Денес овој археолошкиот локалитет е дел од националниот парк Тикал и е под заштита на УНЕСКО.
Највпечатливи од градбите се 6 скалести пирамиди означени како храмови I-VI . Некои од нив се високи и по 60 метри и на врвот од секој храм имало светилиште.
Се проценува дека бројот на жители во текот на историјата достигнал и до 100.000, што ја прави мистеријата за неговото напуштање уште поголема.

 

Мачу Пикчу

Кога ќе се споменат стари изгубени градови не можеме, а да не помислиме на Мачу Пикчу, најпознатиот град на исчезнатата цивилизација на Инките. Неговото име во буквален превод значи „Стар Врв“. Се наоѓа на 2.430 метри н.в. во денешен Перу, во Јужна Америка. Голем дел од разурнатите градби се реконструирани и туристите имаат ретка можност да видат како тие изгледале во античко време кога што биле изградени. Во 2007 година Мачи Пикчу беше избран за едно од новите 7 светски чуда.

 

Ангкор во Камбоџа

Рушевините на градот Анкгор кои се едни од најзначајните археолошки локалитети се наоѓаат на просторот на југоисточна Азија. Посетувани се од огромен број на туристи, истражувачи, историчари и археолози.
Ват кој што е еден од главните храмови на царството Анкгор е едно од најубавите и најфасцинантните места на нашата планета.
Се претпоставува дека Анкгор бил еден од најголемите пред индустриски градови на светот, а Ват, кој се простира на површина од 2 км квадратни, претставува најголемата верска градба која е препознатлива по огромните камени фигури со форми на човечки ликови.
Претпоставка е дека поради наглите климатски промени градот бил уништен и напуштен.
Анкгор се наоѓал на просторот на Камбоџа и датирал од 9 до 15 век.

 

Мемфис

Древните Египјани, кои живееле во периодот од третиот милениум пред новата ера до седмиот век од новата ера. го изградиле древниот град Мемфис на делтата на реката Нил.
Со векови Мемфис претставувал главен центар за трговија и религија.
Нападите од околните држави кои сакале да стекнат богатство и слава придонеле Мемфис да пропадне.
Остатоците од некогашниот познат египетски град Мемфис денес се наоѓаат на околу 19 км. јужно од Каиро, на западниот брег на реката Нил.   


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4708 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус