Животен стил, За неа

6 нешта кои ѝ штетат на косата (а ѝ ги правиме)

16 февруари, 06:54

Секојдневната грижа за косата понекогаш може да има и спротивен ефект.

Верувале или не, некои од нештата кои секојдневно ги правиме со цел да имаме убава коса и средена фризура, навистина ѝ штетат на косата и ја уништуваат структурата на влакното.

 

 

Ова се шесте нешта кои треба да престаните да ги правите во име на убавата коса.

Верувањето дека постојаното четкање (колку повеќе толку подобро) ѝ дава убавина на косата воопшто не е точно. Колку подолго и почесто ја четкате косата, толку таа станува послаба во пределот на скалпот. Доволно е само неколкупати да поминете по косата со чешел или четка, колку да ѝ дадете форма.

Четкањето на косата додека е влажна е уште една голема грешка. На овој начин ја уништувате структурата на влакното, косата станува кршлива и слаба.

Исто толку голема грешка е нанесувањето на препаратите за стилизирање на влажна коса. Гелот, пената и лакот за коса многу ѝ штетат на влажната коса, бидејќи таа е повеќе подложна на оштетување за разлика од сувата.

Колку често користите регенератор за коса? Овој производ е и тоа како важен за убава и здрава коса, но многу девојки не го користат бидејќи сметаат дека уште повеќе ќе ја измрси нивната и така мрсна коса. Регенераторот треба да се користи при секое миење на косата со цел да спречи оштетување и кршливост на влакното.

Масажата на скалпот е уште еден начин за зацврстување на влакното, но ретко кој го масира скалпот при миењето на косата. Ако сакате да го поттикнете растот на косата и да имате здрава и цврста структура на влакното, при секое миење задолжително нежно масирајте го скалпот.

Постојаното сушење на косата со фен може да има многу негативни ефекти. Доколку постојано користите фен, обидете се барем два пати неделно да ја оставите косата да се исуши по природен пат. Истото се однесува и на производите за стилизирање. Два пати во неделата дозволете си коса без гелови, пена или било каков друг препарат и овозможете ѝ на косата да се одмори.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2637 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус