Бидете свежи и ефикасни на работното место

26 ноември, 07:42

Ви се случува ли во текот на работниот ден да се чувствувате исцрпено и без енергија, а не поминало ни половина работно време?

Без оглед на видот на работата, ефикасноста и посветеноста се многу важни.

Секоја работа, па колку и да ви изгледа едноставна и безначајна, има своја тежина, но и своја вредност.

 

Потрудете се да сработите најдобро што можете, а за да бидете ефикасни и полни со енергија, следете ги следните совети:

Воведете ред на будење
Легнувањето и будењето во исто или приближно време му помагаат на организмот да се регенерира и да се наполни со енергија.

Утрински вежби
Навиката секое утро да правите вежби е одличен почеток на денот, но бара малку порано станување и дополнително време.
Доколку не можете да вежбате, пешачете до работното место, намерно одете по подолгиот пат и убаво раздвижете се. Утринскиот воздух и пешачењето ќе ве наполнат со енергија која ќе ве прати целиот ден.

Не претерувајте со храната
Појадокот е задолжителен, овошјето исто така, но не претерувајте со храната, особено ако имате навика паузата да ја користите за убаво да се најадите.
Храната секако е неопходна, но големото количество храна предизвикува умор и желба за спиење, а тоа сигурно не го сакате додека сте на работа.

Разбијте ја монотонијата
Обидете се да внесете свежина во секојдневните работни обврски. Променете го редоследот по кој секојдневно работите за да ја разбиете монотонијата.

Слушајте музика
Музиката ја подобрува концентрацијата, го подига расположението, а со тоа се подига и самата енергија на организмот. Ако условите на работното место ви дозволуваат, слушајте тивка музика додека работите, ако не, тогаш барем за време на паузата освежете се со некоја убава песна која ќе ве размрда и расположи.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2075 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус