Позитива, Поучни приказни

Бранови и песок

16 јануари, 07:23

Денешната поучна приказна зборува за осаменоста на луѓето, зборува за тоа дека секогаш покрај нас треба да имаме верен пријател, сопруг, сопруга, дечко, девојка, родител или роднина со кој ќе можеме да ја поделиме цела наша тага или пак среќа. 

Една поучна и мудра мисла вели дека споделената радост со некој што ни значи и ни е верен е двојно поголема, а пак споделената тага со истиот тој човек е двојно помала. 

Еден човек гледал во две мали деца кои на брегот на морето граделе кула од песок. 
Кога  ја завршиле замислената кула за која потрошиле многу време и трпение, наишол голем бран и кулата ја израмнил со плажата.
Човекот очекувал дека децата веднаш ќе почнат да плачат. Но, на негово големо изненадување, децата мирно седеле, се фатиле за раце и почнале гласно и слатко да се смеат. Веднаш потоа почнале да градат друга песочна кула.

Кога човекот видел дека децата ќе почнат да градат нова кула си рекол самиот себеси: 

„Од овие деца денес научив многу важна животна лекција. Сите работи кои многу долго време ги стекнуваме и добиваме во животот и за кои трошиме многу енергија, направени се од песок. Порано или подоцна ќе дојде некој голем бран и за еден миг со себе ќе однесе сé што сме граделе во текот на целиот наш живот. Кога тоа ќе се случи, ќе можат да се смеат само оние кои ќе имаат со кој да се држат за рака, исто како овие две мали и слатки дечиња.”

Одберете некој од вашето опкружување кој навистина го заслужува целото ваше внимание и делете ги со него сите ваши успеси и падови.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2643 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус