Убава наша, Разгледници
Да ги запознаеме македонските уметници
Кога четката нежно ќе го погали платното и ќе ја пренесе визијата која талентираниот уметниот ја носи во себе, платното се претвора во уметност која остава белег кој никогаш не бледнее.
Токму еден таков траен белег остави творештвото на еден од најценетите македонски ликовни уметници.
Ако еден македонски уметник заслужува да биде наречен основоположник на современата македонска ликовна уметност, тоа секако е Никола Мартиновски, академскиот сликар кој ќе остане запаметен како првиот македонски експресионист.
Познавачите на уметноста му даваат посебно место во нашата култура и велат дека Мартиновски остави неповторлив печат во ликовната уметност.
Никола Мартиноски е сликар со неверојатно ретка и посебна индивидуалност во ликовните записи.
Неговото обемно творештво е синтеза на средновековното сликарство во Македонија и современите ликовни струења.
Денешните разгледници му ги посветуваме токму нему, како признание за плодното творештво и збогатувањето на нашата култура, уметност и традиција.
Додади коментар