Дали сте за прошетка низ Хаваи?

20 мај, 04:54

Кога ќе се спомне Хаваи, првата асоцијација ни се тропските плажи и тиркизната вода.

Но, островите на Хаваи се многу повеќе од тропски рај.
Тие имаат богата историја, прекрасни историски обележја и природа која го одзема здивот.

Подготвени сте за прошетка?  

 

Започнуваме од прекрасната плажа Ланикаи

Ретка тропска убавина, ситен песок, беспрекорно чиста вода... Вистински рај за сетилата.

plazalanikai, hawaii, хаваи, плажа

Националниот историски парк Pu'uhonua o Honaunau, Големиот остров

Посетата на овој парк е вистинска можност да се доживее културата и историјата на Хаваи.
Прекрасните камени статуи се направени пред повеќе од 1000 години, а местото на кое се наоѓаат се смета за свето.

hawaii, хаваи, плажа, парк

hawaii, хаваи, плажа

Паркот е дом и на многу ретки цветови, кои уште повеќе ја надополнуваат убавината на ова место.

Паркот Waimea Canyon State, Kauai

Познат по својот кањон и богата флора и фауна, паркот Waimea Canyon State е своевиден екосистем.
Самиот остров Kauai е дел од некогашен вулкан, кој бил активен пред 5 милиони години.

hawaii, хаваи, плажа, кањон

Паркот Iao Valley State Monument, Maui

Ако посакате да го допрете небото, да танцувате под облаците или едноставно да се прошетате низ дождовна шума, тогаш сте на вистинското место.
Сместен на островот Maui, паркот е ретка можност да почувствувате дека ги допирате облаците, но и да бидете сведоци на културата на Хаваи.

 Iao Valley State Monument, Maui, хаваи, плажа, парк

Прекрасните Градини на наследството кријат многу споменици од историјата на Хаваи.

havai, хаваи, плажи, паркови, градини

Се изморивте ли од прошетката? Одморете се под некоја палма и уживајте во глетката.

хаваи, плажа, havai, palmi, палми

хаваи, плажа, havai, palmi, палми

Вулканскиот парк, Големиот остров

За оние најхрабрите, прошетката продолжува до паркот на вулканите, каде ќе имате можност да видите два активни вулкани и да ја почувствувате силата на овие необични креации на природата.

хаваи, плажа, havai, palmi, палми, вулкани

За оние кои на кои никогаш не им е доста, прошетките по рајот наречен Хаваи продолжуваат до зајдисонце.

хаваи, плажа, havai, palmi, палми, зајдисонце

хаваи, плажа, havai, palmi, палми, зајдисонце

хаваи, плажа, havai, palmi, палми, зајдисонце
 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 9731 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус