Животен стил, Живеј квалитетно

Девојките плачат четири пати повеќе од момците

14 април, 09:22

Сте се запрашале ли зошто девојките успеваат да се извлечат од калта во најголем дел од случаите? После вакво прашање вреди да се запрашаме кој е посилен пол или подобро кажано кој знае подобро да убедува? Момците се силни, знаат да предизвикаат страв, но плачот на девојката е доволно невин за да ве разнежни и премисли.

 

Според истражувањата, мажите заостануваат далеку зад плачливите жени. Во просек една жена плаче од 30 до 64 пати годишно, а мажите од 6 до 17 пати во текот на годината. Постојат повеќе причини зошто жените плачат, плачат и кога ќе им згрешиш и кога ќе згрешат.

Неколку интересни причини:

  • мисли дека другите жени се повеќе сакани;
  • нејзиниот партнер не е покрај неа во оној момент кога ќе посака;
  • подолг период не била на шопинг;
  • кога мисли дека е дебела и сè лошо ѝ стои;
  • кога има премногу слободно време, па не знае што да прави, а партнерот има неодложни обврски;
  • кога ќе ѝ кажете дека не е во право;
  • кога се навраќа на минатото и ве обвинува;
  • кога се соочува со иднината која претходно ја идеализирала;
  • Пред почетокот на менструалниот циклус, жените се чувствуваат разнежени и осамени.

Не е лесно да процените дали навистина таа се кае и се чувствува тажно или само е начин да ве придобие. Момци, после сè размислете и вие како да ги надмудрите.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2451 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус