Здравје, Природни лекови

Домашен лек за имунитет

05 ноември, 00:08

Во голем број случаи, луѓето кои имаат намален имунитет многу често заболуваат од секакви болести, настинки и вируси.

После одреден период откако ќе посегнат по антибиотик, нивната состојба се подобрува, но тоа подобрување трае само одреден период, по кој повторно настануваат здравствените проблеми со настинки и вируси.

Луѓето кои пробале скоро сѐ што денес како производ го нуди современата медицина, по многуте неуспешни обиди посегнуваат по природни лекови и природни методи на лечење. Почнуваат да пијат најразновидни чаеви, да се хранат здраво со цел да ја подобрат нивната здравствена состојба и да го подобрат нивниот имунитет, како би станале имуни на секакви заболувања.

Постојат многу домашни лекови кои секој од нас може да ги приготви. Потребна е само желба за да се направат и надеж дека тоа што дома ќе биде приготвено во голема мера ќе ја подобри здравствената состојба.

Денешниот домашен лек е лекот за подобрување на имунитетот, лек кој до сега се има покажано како 100% успешен.

Направете го и кажете им засекогаш збогум на настинките, вирусите и болестите.

Потребни состојки:
500 мл. цеден сок од лимони
500 гр. мед
150 гр. бел таан
125 гр. мелени ореви
125 гр. мелени несолени бадеми
125 гр. мелени лешници
125 гр. мелен сусам (се мели во машина за мелење шеќер)
10 гр. цимет
30 мл. 30% прополис
10 гр. рендано морско оревче

Подготовка:
Сокот од цедениот лимон убаво се меша со медот и таанот и во таа смеса една по една се додаваат сите останати состојки. На крајот се става прополисот, смесата уште еднаш убаво се меша, се става во тегла и се остава да отстои неколку дена на суво и ладно место. Потоа, секое утро на гладно се зема по една супена лажица од лекот. Се консумира целата доза без прекин, а ако треба да се консумира уште една доза, се прави пауза од еден месец помеѓу двете дози. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 29072 пати.

Коментари [9]

vesna

Ve molam ke moze li da mi kazete SUSAMOT treba da e pecen ili ziv? Od napred Vi blagodaram

Мој Портал

Сусамот не треба да е печен. Уште подобро е ако ставите интегрален сусам, но и со обичниот сусам лекот ќе делува. Поздрав

Katerina

Dali moze I deca da go konzumiraat?

mojportal.mk

Да може и деца да го конзумираат но по една мала лажичка дневно, на сабајле.

марија

Dali moze i sekerasi da go uppotrebuvaat ovoj lek? Bidejki voo receptata stoi med.

marijaa

DALI MOZE OVOJ LEK DA GO KONSUMIRAAT I SEKERASI? BIDEJKI VO LEKOV IMA MED.

mojportal.mk

Најдобро би било да се консултирате со вашиот матичен лекар бидејќи искрено до сега сме немале случај во кој некој кој боледува од шеќерна болест требало да го консумира лекот. Поздрав.

irena vitanova

Dali moze deca so alergii da go konzumiraat I deca pod 2God

mojportal.mk

Зависи на што е алергично детето, ако е алергично на некои од состојките, секако дека не може да го конзумира, а ако е алергично на нешто друго, сепак прво би требало да се консултирате со вашиот лекар, а за деца под 2 години не е препорачливо да е користи лекот.

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус