Есенски декорации од тиква
Тиквата, костените, желадите и сувите жолти листови се обележја на есента и без нив есента не би била она што е - најромантичното годишно време.
Но од сите нив тиквата е некако посебно приврзана за есента. Ја има насекаде, во маркетите и пазарите, луѓето ја купуваат бидејќи знаат дека е многу здрава за јадење и од неа прават најразлични специјалитети. Но сѐ поголем е бројот на оние луѓе кои тиквата ја користат како есенски украс на домот и со неа го наговестуваат доаѓањето на есента.
Најмногу тиквите се употребуваат за денот на вештерките кога од нив се прават најразлични „страшни” скулптури, но замислете само колку убаво и романтично би било кога во домот преку тиквата ќе ги внесете боите на есента.
Можете од неколку мали тиквиња, суви листови и зелени тревки да направите прекрасен есенски венец кој ќе ја украсува влезната врата или некој ѕид во домот, можете од убава голема жолта тиква да направите прекрасна и уникатна вазна во која ќе ставите разнобојни цвеќиња, можете да направите несекојдневни тиквени свеќници, можете со тикви да ја украсите трпезата, едноставно домот можете да го претворите во прекрасна есенска бајка.
Погледнете во прилог на статијата неколку идеи за декорација и украсување на домот со тикви, одберете ги оние кои ви се најпримамливи и најинтересни, набавете си неколку и уживајте во есента во вашиот дом.
Додади коментар