Како да ги научите вашите деца да читаат книги?

23 февруари, 07:05

Читањето книги е добра навика која се развива уште во најраните години кај децата. За нив тоа е само предмет во кој нема никава забава, сè додека вие не се потрудите да им покажете колку тие се добри и забавни.

Читајте им книги на своите деца – оваа активност треба да ја правите во периодот додека се бебиња. Притоа чувајте ја книгата секогаш при рака, за кога ќе посака вашето дете да продолжите со читање .

Проверете ја способноста на вашето дете - земете ја книгата, пролистајте ја и вратете ја на полицата. Проверете дали и вашето дете може да го направи тоа.

Глумете ги ликовите од книгата – изберете некоја приказна која му се допаѓа на вашето дете и одглумете ги омилените ликови, така што подобро ќе ја разбере самата книга.

Соживувајте се со улогата – кога ги читате книгите внесете емоции, забава, како би му ја доловиле самата приказна на своето дете.

Направете книга – залепете ги фотографиите од вашето дете, под нив напишете неколку реченици и поврзете ги во една целина. Тоа ќе биде интересно и за вас и за вашето дете.

Изберете вистински книги – секогаш кога бирате книга дозволете таа да биде по желба на вашето дете.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2532 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус