Животен стил, Кујна, Рецепти

Козињак

11 април, 11:12

6 јајца
250 гр. шеќер
250 мл. масло
1/2 литар млеко
2 надојдени квасци
100 гр. суво грозје
1 ½ кг. брашно
изрендана кора од 1 лимон

 

 

Јајцата и шеќерот убаво се бијат со миксер како за торта. Потоа им се додаваат маслото, млекото, квасците, сувото грозје, ренданата кора од лимонот и постепено се додава брашното.

Тестото се остава да отстои ½ час за да надојди. Откако ќе надојди, се дели на 15 мали топчиња. Од секое топче се прават долги ленти. 

Со по 3 ленти се плетат 5 плетенки и се оставаат да отстојат ½ час. Откако ќе отстојат, се премачкуваат со изматено јајце и им се става сусам.

Плетенките козињак се печат 45 минути на 185 степени.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 13481 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус