Животен стил, За неа
Лондонска модна недела пролет/лето 2015
Модната недела во Лондон помина во печатот на лежерноста и удобноста.
Поголем дел од дизајнерите се одлучија за удобни сандали, па дури и патики со кои ги заменија елегантните, но доста неудобни високи потпетици.
Удобните здолништа, панталони и бермуди во комбинација со рамни чевли и сандали, како и лежерни пролетни палта, беа дел од колекцијата на Пол Смит.
Во колекцијата на Кристофер Кеин преовладуваа темни бои и повторно рамни чевли.
Највпечатлива беше колекцијата на српската дизајнерка Роксанда, и тоа главно поради силните бои кои веднаш паѓаа во очи.
Колекцијата на Антонио Берарди привлече внимание со нежните ткаенини, фустаните и впечатливите дезени.
Дел од колекцијата на брендот Марчеса кој донесе долги и интересни фустани.
Додади коментар