Животен стил, За него

Модни правила за успешен деловен изглед

07 септември, 13:32

Работното место е место каде до израз доаѓаат сите ваши работни и умствени квалитети. 

Успешноста на работата, како и успешно завршените проекти секако дека зависат од вашиот труд кој го вложувате за нивно реализирање. 

Но во сета таа посветеност кон работата и обврските, големо место зазема вашата облека и вашиот стил на облекување.
Многу е важно како сте облечени кога сте на вашето работно место.
Вашата облека и вашата грижа за вашиот стил на облекување оставаат голем впечаток кон останатите колеги со кои работите, како и кон ново стекнатите со кои допрва треба да соработувате.

Вашето внимание посветено на стилот на облекување, вниманието кое го посветувате за да изберете правилна модна комбинација и вниманието посветено на правилен избор на модни додатоци зборуваат многу повеќе отколку што мислите за вашиот карактер. 

Бидејќи многу е важен впечатокот кој ќе го оставите кај останатите ваши колеги или претпоставени, ви предлагаме да ги следите овие неколку модни правила и на вашето работно место секогаш и во секој поглед да зрачите со совршеност и елеганција.

Бела кошула – одберете едноставна бела кошула која ќе можете да ја комбинирате со секаква боја на панталони и сако.
Белата боја асоцира на едноставност, смиреност и посветеност, па токму овие квалитети ќе ги нагласите со носењето на бела кошула.
При изборот внимавајте на јаките кои не треба да бидат ниту многу широки ниту многу тесни, важно е да бидат секогаш чисти.

Модни правила за успешен деловен изглед , Modni pravila za uspesen deloven izgled, bela kosula, бела кошула

 

Кравата – изборот на кравата исто така многу зборува за вашиот карактер. 
Изборот на кравата по боја, црна, сива, црвена или друга боја, изборот на должина како и изборот на ширина на краватата многу зависи од вашиот изглед и вашата телесна конструкција.
Не значи дека ако некоја кравата многу ви се допаднала треба веднаш да ја купите, видете прво како ќе ви одговара, па потоа купете ја. Краватата одлично го надополнува изгледот во комбинација со белата кошула.

Модни правила за успешен деловен изглед , Modni pravila za uspesen deloven izgled, кравата, kravata

 

Модни додатоци – кога станува збор за модни додатоци кои ги користат припадниците на посилниот пол се мисли на добро избрани очила, елегантен и модерен часовник, копчиња кои се ставаат на ракавите од кошулата, ремен, како и џебно марамче.
Внимавајте при изборот на модните додатоци, не претерувајте со нив за да не постигнете сосема спротивен впечаток.

Модни правила за успешен деловен изглед , Modni pravila za uspesen deloven izgled, modni dodatoci, модни додатоци

 

Сако – добро избраниот модел, број, крој и боја на сако не само што ќе ги истакнуваат и нагласуваат вашите добро оформени делови од телото, туку ќе остават силен впечаток кај вашите колеги, особено кај припадничките од понежниот пол.
Сакото секогаш носете го со две закопчани копчиња, а не со сите, на ваков начин ќе постигнете помажествен изглед. 

Модни правила за успешен деловен изглед , Modni pravila za uspesen deloven izgled, сако, sako

 

Мирис и бои – добро одбраната комбинација на панталони, сако и кравата, како и нивниот правилен избор на бои ќе биде комплетна, ако кон нив се додаде добро одбран егзотичен мирис, кој дополнително ќе зборува за вашата грижа кон облеката и посветеноста кон лично усовршување.
Секогаш употребувајте мирис кој најмногу и најблиску ќе го отсликува вашиот карактер. 

Модни правила за успешен деловен изглед , Modni pravila za uspesen deloven izgled, miris, parfem, мирис, парфем

 

Чевли – иако постои мислење дека никој не ги забележува машките чевли, трудете се секогаш да носите чевли кои ќе бидат во склад со она што го носите на вас. Тоа никако не смеат да бидат чевли кои ќе бидат во сосема спротивна боја од вашите панталони или сако.
Вашите чевли секогаш нека бидат добро исчистени бидејќи оставаат голем впечаток кај вашите колеги и многу зборуваат за вас како личност.

Модни правила за успешен деловен изглед , Modni pravila za uspesen deloven izgled, чевли, cevli

 

За крај, не заборавајте вашиот деловен успех да го надополните и да го покажете преку вашата гардероба, односно преку она кое го носите на себе.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3943 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус