Животен стил, Хороскоп и Нумерологија

Најдобрите карактеристики на жените Ракови

16 јули, 07:14

Жените родени во знакот на Рак се прилично компклесни индивидуи.

Како што секоја личност има свои добри и лоши страни, така и жените Ракови се карактеризираат со некои особини кои ги издвојуваат од останатите знаци, па и од мажите родени во овој знак.

 



Кои особини ги карактеризираат жените Ракови?

Една од нивните не толку добри страни е променливото расположение. Во еден момент се расположени за авантура и забава, а веќе во следниот се вознемирени и се затвораат во себе. Никој не може да предвиди во која насока ќе се движи нивното расположение, жените Ракови едноставно се такви какви што се.

Ако добро ги познавате, не ќе можат ништо да скријат од вас. Нивното лице секогаш е огледало на нивните емоции, па ако добро погледнете, лесно ќе прочитате како се чувствуваат. Изразот на нивното лице и емоциите во очите ќе ви откријат што навистина чувствуваат.

Жените Ракови речиси никогаш не се одмаздуваат. Кога се повредени или навредени знаат да се вознемират и налутат, но никогаш не помислуваат да ја повредат личноста која им предизвикала болка, бидејќи многу внимаваат на туѓите чувства. Можеби ќе им треба некое време за да заборават, но одмаздата никогаш не им паѓа на памет.

Знаат да ја ценат приватноста и не сакаат да откриваат детаљи од нивниот живот, ниту премногу да зборуваат за своите активности. Оваа нивна особина е малку позната, затоа добро е да се знае и да се почитува нивната приватност.

Сè што им се случува силно влијае врз нив. Ако направите нешто добро за нив, ќе паметат и ќе бидат многу благодарни, но ако ги повредите, исто така ќе паметат и тоа подолго време.

Жените Ракови не се импулсивни и секогаш добро размислуваат пред да дејствуваат. Откако ќе ги разгледаат сите позитивни и негативни страни, ќе одлучат како да постапат во одредена ситуација.

Овие интересни хороскопски знаци знаат да се повлечат во својот оклоп кога се чувствуваат загрозени или повредени. Во суштина се мирни и страствени личности, им треба подолго време за да стекнат доверба во некоја личност, и иако не се емотивно слаби личности, потребно е почесто да им покажувате дека се сакани.
 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5362 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус