Една од најголемите вистински љубовни приказни наскоро на филм

20 февруари, 00:37

Кетрин Хепберн и Спенсер Трејси се синоним за забранета љубов.
Дали животната приказна на легендарната холивудска двојка наскоро ќе биде пренесена на големото платно?

Иако веста не е официјално потврдена, низ таблоидите се зборува за овековечување на една од најголемите љубовни приказни во историјата на Холивуд.
Кетрин Хепберн и Спенсер Трејси се запознаа во студиото MGM во 1942 година, на снимањето на филмот „Жена на годината”, се вљубија и останаа заедно сè до смртта на Спенсер, 1967.

Нивната љубовна приказна остана јавна тајна и никогаш не се круниса со брак, бидејќи славниот актер веќе беше оженет кога ја запозна Кетрин, а поради религиски убедувања не сакаше да се разведе.
Иако тајна, нивната љубов беше многу искрена и силна, љубов каква ретко се среќава кај славните.

Кога станува збор за славата, Спенсер Трејси се смета за една од најголемите легенди на Холивуд, актер кој 9 пати бил номиниран за Оскар, а златната статуетка ја освоил два пати. Меѓу неговите легендарни улоги е и онаа на стариот рибар од филмот снимен според делото на Хемингвеј „Старецот и морето”.

Кетрин Хепберн е уште една холивудска легенда, дама која во кариерата освоила 4 Оскари, а Американскиот филмски институт ја прогласи за најдобрата актерка на сите времиња.
Како холивудска двојка Кетрин и Спенсер заедно снимија 9 филмови.

Продуцентите сè уште размислуваат за изборот на актерската екипа и режисерот, но се чини дека приказната за тајната љубовна романса е сè поизвесна.

Погледнете дел од „Жена на годината”, филм на чие снимање се роди љубовта која ги пратеше до крајот на животот.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3071 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус