Животен стил, Кујна, Рецепти

Пита со круши – есенски деликатес

17 ноември, 10:44

Едноставна, брза, многу вкусна, питата со круши е вистински есенски деликатес подготвен од само неколку состојки.

Тестото е навистина вкусно и може да се користи за пита од секој друг вид овошје, како на пример црни сливи, јаболка и слично.

 

 

Состојки:
210 гр. брашно
140 гр. шеќер
70 гр. путер (маргарин)
1 јајце
4 круши
цимет

Подготовка:
Од брашното, путерот и шеќерот месиме тесто, по потреба додаваме лажица – две вода. Тестото го ставаме во најлонска ќеса и го оставаме половина час во фрижидер.

Калапот го мачкаме со путер, од тестото развиваме кора и ја ставаме во калапот. Ако тестото ви се лепи и не можете да направите кора, ставете го во калапот и обликувајте го со дланките.

Крушите ги лупиме и чистиме, потоа ги сечеме на тенки парчиња, ги редиме врз тестото и ги наросуваме со малку цимет и ванилин шеќер.

Печеме на 175 – 180 степени околу 40 минути. При печењето крушите испуштаат течност, па доколку има потреба намалете ја температурата по истекот на 40-те минути и печете уште 10-на минути.

Напомена: Тестото е доволно за мал тркалезен калап. Може да го направите и во поголем калап во друга форма, но двојно зголемете ги состојките за тесто.

Уживајте во слаткиот вкус!

 

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 8942 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус