Здравје, Природни лекови

Природни лекови за борба против алергиите

02 април, 09:31

Пролетните алергии се сè почести, а со будењето на природата и цветањето на билките кај голем дел од луѓето се јавува алергиска реакција на полен која се манифестира преку воспаление на носната слузница.

Иако не постои решение кое трајно ќе ги отстрани симптомите на алергија, некои природни состојки можат во голема мера да ги ублажат овие симптоми и да го подготват организмот полесно да се соочи со реакцијата на поленовиот прав.


Народната медицина советува секојдневно да земате по една мала лажичка мед, особено во периодот пред и за време на цветањето на билките.
Медот содржи мало количество на полен кое ќе го подготви организмот и ќе ги ублажи алергиите кои настануваат токму како реакција на поленот.


Лукот и кромидот го јакнат имунитетот и може многу да помогнат за намалување на секретот од носот и кивавицата предизвикана од алергии.


За намалување на симптомите се препорачуваат и инхалации со топол чај од камилица и жалфија.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2776 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус