Проверете дали тоалетот е најчистото место во вашиот дом!

01 февруари, 02:34

Хигиената во секој дом е пресудна за добро здравје. 
Оној кој внимава на хигиената во домот, внимава и на своето здравје.

Чист и секогаш среден дом е нешто кон кое треба сите да се стремат, затоа што ако редовно се чисти, суредува и проветрува секој дел и секоја просторија од домот, шансите за да заболите од некои вирусни настинки и болести кои ги предизвикуваат бактериите, ќе бидат сведени на минимум.

Поголемиот број луѓе најголемо внимание посветуваат на тоалетот, секако кога станува збор за одржување на хигиената. Оваа навика некако на сите ни е врежана во потсвеста и тоа е добро во секој случај, но дали сме се запрашале некогаш хигиената во тоалетот е на доволно високо ниво, или треба уште нешто да се преземи?

Тргнуваме од фактот дека во тоалет одиме кога сакаме да се чувствуваме чисто и свежо, па следствено на ова и самиот тоалет треба да е сосема чист за да ни овозможи и ние од него да излеземе чисти. Но колку реално се чисти нашите тоалети, или колку ние си мислиме дека се тие најчистата просторија во нашиот дом прочитајте во продолжение на статијата.

Со некои податоци сигурно ќе се изненадите бидејќи за прв пат ќе ги прочитате, исто како и јас, но нели човек учи додека е жив, па ајде сите заедно да научиме нешто повеќе за хигиената во тоалетите.

1. Мијте ги рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди за да ги отстраните сите бактерии кои на најлесен и на најбрз начин се шират токму на рацете, а потоа преку нив се пренесуваат насекаде по телото.

2. Немојте да се движите боси по тоалетот, затоа што е докажано дека токму на подот има најмногу бактерии, дури милион на еден сантиметар квадратен. Замислете само колкав број на бактерии е тоа??? Со редовно чистење на подот како и со носење на соодветни обувки ќе го спречите размножувањето на бактериите и на останатите делови и на домот и на телото.

3. Не ги чувајте четките за миење заби блиску до ВЦ шолјата, затоа што аеросолните честички кои летаат насекаде кога се пушта вода во ВЦ шолјата, многу лесно се лепат за четките за заби. Можете ли да замислите што ќе се случи кога овие бактериски честички преку четките за заби ќе навлезат во усната шуплина??? Не се обидувајте да си замислите, наместо тоа оддалечете ги четките подалеку од ВЦ шолјата, менувајте ги истите еднаш месечно и затворајте го капакот од ВЦ шолјата кога пуштате вода.

4. Често менувајте ја крпата која ја користите за бришење на раце и лице затоа што на бактериите најлесно им е да се размножуваат кога се наоѓаат во влажна средина, а долго употребуваната влажна крпа е идеална за нивно размножување. Ова истото важи и за често менување на бањарките и крпите кои се употребуваат за капење.

5. Набрзо менувајте го сунѓерот или мрежата со кои се капите, затоа што за само 24 часа можно е да дојде до размножување на бактериите токму на овие места. Ако сунѓерот/мрежата се од природен материјал менувајте ги на секои 3 до 4 недели а ако се од вештачки на секои 8 недели.

6. Не користете еден ист сунѓер за чистење на разни површини во тоалетот, затоа што на тој начин можно е бактериите кои ги има на еден предмет, на пример на ВЦ шолјата, да ги пренесете и двојно да ги зголемите на друга површина во тоалетот. За секоја површина користете одделен сунѓер и спречете го ширењето на бактерии насекаде низ тоалетот.

7. Не користете премногу јаки средства за чистење затоа што истите многу негативно делуваат врз вашето здравје, а меѓу другото содржат и голем процент вода, па затоа некогаш и чистењето не е ефикасно. Наместо јаки хемикалии пробајте тоалетот да го исчистите со раствор од цеден лимон или грејпфрут со вода и со поголема количина сол. Ќе бидете изненадени од ефикасноста на овој раствор како и од миризбата.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1566 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус