Животен стил, Живеј квалитетно

Сакате да бидете убави и атрактивни?

05 ноември, 09:48

Ако атрактивноста и убавината досега се поврзуваа со физичкиот изглед, најновата студија спроведена на еден кинески универзитет покажува нешто сосема друго.

Како луѓето гледаат на вас, односно дали ве сметаат за убави и атрактивни, во голема мера зависи од вашата личност.

Резултатите од студијата покажаа дека луѓето кои се љубезни, добронамерни, ведри, со еден збор позитивни и пријатни личности, во очите на другите изгледаат многу убаво и атрактивно.

Карактерните црти на личноста се многу важни, па доколку сакате да бидете убави, работете на своето однесување.

„Она што е добро е и убаво” би бил најкраткиот заклучок на студијата.

Можете да користите најдобри препарати за нега и убавина, да изгледате многу убаво и негувано, но ако немате внатрешна убавина, вашиот надворешен изглед нема да има големо значење во очите на другите.

Се согласувале или не со студијата, факт е дека сè повеќе луѓе се стремат кон вистинските вредности и се обидуваат да живеат добар и квалитетен живот.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2220 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус