Животен стил, Кујна, Моите рецепти - Здравје на мени

Салата за добра ноќ и витка линија и сок за добро утро

24 февруари, 06:32

Што има поубаво од добар сон и уште поубаво утринско будење. За да имате добар и мирен сон првиот предуслов е да НЕ ЈАДЕТЕ МНОГУ ДОЦНА за да може системот за варење да се одмори од целодневните активности.

Терминот доцна е релативен и помалку субјективен, но каков и да е, кога зборуваме за здрав и мирен сон последниот главен оброк – вечерата, треба да биде до 20 ч, а ако потоа се јави чувство на глад тогаш може да се изеде некакво овошје.

Но како денешниот мој предлог е со овошје сигурна сум дека нема да ви се јави такво чувство. Во овој рецепт исто така има и корен од целер и дајкон што се во категоријата на диуретици и прочистувачи, според тоа подобро e да се конзумира барем 2 часа пред легнување.

Другото нешто што е многу корисно, а што го добивате со ваков вечерен оброк е што намирниците и нивната комбинација прават максимално прочистување на вашиот организам како генерална последица од прочистување на дигестивниот систем. Секое таложење на течности, маснотии, секрети само ги блокира сите системи во вашето тело да си ја вршат својата работа. Наталожувањето на маснотиите на крвните садови ја отежнуваат работата на срцето, а колку се забавува неговиот ритам и колку се отежнува неговата пумпна снага толку е потешко и снабдувањето на сите други органи со крв. Во целиот овој процес ваков лесен вечерен оброк во функција на чистач, а во исто време и снабдувач на соодветни витамини (витамини од групата Б, Ц, К, фитонутриенти, триптофан кој е регулатор на сонот итн.), минерали (магнезиум, калциум, железо) и пектин кој е прекрасен за регулација на цревниот систем, би ви бил само од корист.

Потребен материјал:
- 3 јаболка средна големина
- 1/2 главичка корен од целер
- 3 см. должина корен дајкон
- 50 гр. суво грозје
- 1/4 кафена лажичка ЦЕЈЛОНСКИ цимет
- 1 супена лажица печен интегрален сусам
- 1 кафена лажичка мелено ленено семе
- 1 лимон (сок цеден)
- 100 мл. јогурт со помала масленост и со биокултура

Во подлабок сад намирниците се рендаат, се мешаат со сусамот и ленот, се става сокот од лимон и циметот и се остава 15 мин. да отстои. Откако ќе отстои, а тоа е потребно за да може лененото семе да набубри, по ваша желба можете да го помешате со јогуртот но и не мора, тоа зависи од вашиот вкус.

слабеење, здравје, салата, диета, сок, ѓумбир, цимет, ленено семе, recepti, zdravje, dieta, cimet, salata, рецепти   слабеење, здравје, салата, диета, сок, ѓумбир, цимет, ленено семе, recepti, zdravje, dieta, cimet, salata, рецепти

Ваква салата, ваков вечерен оброк имале многу дами од високите сталежи во Франција за време на барокот и ренесансата. Во кралските дворови тоа било познато за одржување на добрата и витка фигура на многу принцези и грофици.
Тоа тие го применувале иако не знаеле за нутритивната вредност, па зошто тогаш тоа ние сите да не го правиме во денешно време, особено кога знаеме точно што јадеме и каков е нивниот вредносен состав и колку е тој вреден и корисен за нашето здравје. ОНАА ПОЗНАТАТА - ЈАДИ, СПИЈ  И СЛАБЕЈ - ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ Е ЦЕЛОСНО ИСПОЛНЕТА И ВО ФУНКЦИЈА.

Но по добриот сон ви треба и нешто што е исто така добро и корисно да ве разбуди и подготви за работниот ден. Ништо поубаво од чаша полна со свежа концентрација на антиоксиданси, витамини и минерали, често ги спомнуваме но тоа е основниот предуслов за добро здравје..., па нека ви е НАЗДРАВЈЕ...

Потребни состојки:
- 1 зелено јаболко
- 1 мала краставичка
- 2.5 цм. корен од ѓумбир
- 1 лимон (цеден сок)

Сè се става во соковник и се цеди, но може и во блендер. Вака подготвениот сок е вистински златен напиток во сончевите утра, а ако ви недостига сонце со енергијата што ќе ви ја даде овој сок сонцето сигурно ќе ви изгрее.

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 3905 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус