Сараево – европскиот Ерусалим

13 октомври, 06:58

Во срцето на југоисточна Европа еден град со децении ја раскажува својата приказна и сведочи за една неверојатно богата традиција и култура.

Сместен покрај Миљацка, Сараево е град кој е посебен по многу нешта и сигурно ќе ве освои на прв поглед.

Го нарекуваат европскиот Ерусалим бидејќи сè до 20 век Сараево беше единствениот поголем европски град каде на едно место гордо се издигаа џамија, синагога, православна и католичка црква.

Во далечната 1885 година Сараево беше првиот европски, а воедно и втор град во светот со редовна трамвајска линија, а во 1984-та беше домаќин на Зимските олимписки игри.

Овој прекрасен град многупати се најде на листата на Lonely Planet, најпознатиот и најголем печатен туристички водич, каде меѓу другото Сараево е именуван како 43-от најдобар град во светот и еден од 10-те топ градови во 2010 година.

Ако патот некогаш ве одведе во Сараево, не пропуштајте да разгледате буквално сè што ќе можете. Иако има многу што да се види, издвоивме само дел од обележјата на европскиот Ерусалим.

Тунелот музеј

Planet, Баш чаршија, вечниот пламен, боб патека, облакодерот Аваз, saraevo, bosna miljacka, босна
Овој тунел е сведоштво за немилата модерна историја, односно војната во Босна. За време на војната тунелот бил единствениот влез и излез од градот. Иако поголемиот дел од тунелот денес не е прооден, посетителите може да поминат некои 20-на метри од некогашниот пат на ужасот, но и надежта.

Баш чаршија

Planet, Баш чаршија, вечниот пламен, боб патека, облакодерот Аваз, saraevo, bosna miljacka, босна

Planet, Баш чаршија, вечниот пламен, боб патека, облакодерот Аваз, saraevo, bosna miljacka, босна

Planet, Баш чаршија, вечниот пламен, боб патека, облакодерот Аваз, saraevo, bosna miljacka, босна

Planet, Баш чаршија, вечниот пламен, боб патека, облакодерот Аваз, saraevo, bosna miljacka, босна
Срцето и душата на Сараево е токму чаршијата, место каде ќе станете дел од традицијата и културата на овој неверојатен град. Без оглед дали долго ќе шетате низ улиците на чаршијата, ќе седнете на баклава и кафе со локум или ќе ги храните гулабите, посетата на Баш чаршија е едно незаборавно искуство.

Миљацка и мостот

Planet, Баш чаршија, вечниот пламен, боб патека, облакодерот Аваз, saraevo, bosna miljacka, босна
Нема човек кој не слушнал за познатиот сараевски мост кој гордо се издига над Миљацка.

Вечниот пламен

Planet, Баш чаршија, вечниот пламен, боб патека, облакодерот Аваз, saraevo, bosna miljacka, босна
Запален во 1946 година во спомен на жртвите од Втората Светска Војна, вечниот пламен продолжи да гори сите овие години, дури и за време на опсадата на Сараево во 1992 година.

Боб патеката

Сараево, европскиот Ерусалим, Миљацка, џамија, синагога, православна црква, католичка црква, зимски олимписки игри, Lonely Planet, Баш чаршија, вечниот пламен, боб патека, облакодерот Аваз, saraevo, bosna miljacka, босна
За оние кои сакаат да пешачат тука се ритчињата кои се издигаат над градот и кои нудат неповторлива можност да бидете сведоци на боб патеката и она што останало од терените за Зимските олимпски игри.

Облакодерот Аваз

Planet, Баш чаршија, вечниот пламен, боб патека, облакодерот Аваз, saraevo, bosna miljacka, босна

Planet, Баш чаршија, вечниот пламен, боб патека, облакодерот Аваз, saraevo, bosna miljacka, босна
Највисоката градба во Сараево нуди спектакуларна глетка на градот и можност да уживате во барот со неповторлив поглед.

Стариот дел од градот, црквите, џамиите, музеите и прекрасните кафулиња се задолжителни при посетата на Сараево.

Она што не смеете да го пропуштите е кафе барот Златна рипка, сосема поинаков од она што досега сте го виделе, уникатно и пријатно место кое наликува на добро опремена антикварница.

Planet, Баш чаршија, вечниот пламен, боб патека, облакодерот Аваз, saraevo, bosna miljacka, босна

Приказната за градот на Миљацка не завршува тука. Сараево има многу што да понуди и раскаже. Којзнае, можеби еден ден ќе имате можност да го посетите и да се вратите побогати за едно неповторливо искуство.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2258 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус