Што гледате на оваа фотографија?

29 април, 06:36

На прв поглед наликува на древен храм, но оваа интересна градба е направена од 17 танчери и циркуски уметници.

Креатор на ова дело е 34 годишната Тина Мери, уметник од Њујорк, позната по своите скулптури од обоени човечки тела.

Телата на танчерите се обоени со боја која не е штетна по здравјето, обојувањето траело цели 9 часа, а потоа на Трина ѝ биле потребни само 30 минути да ја осмисли сложувалката од човечки тела и да ги организира во форма на храм.

Скулптурата не е инспирирана од некоја конкретна религија и воопшто нема религиско значење.

Целта на Трина била да придонесе во борбата за подобар живот на жените и девојките од Непал, па ова уметничко дело е создадено како дел од организацијата „Надвор од четирите ѕида”.

Зошто токму Непал? Бидејќи тоа е единствената земја во светот каде жените живеат многу пократко од мажите, девојчињата се мажат на 9 годишна возраст, принудени се да работат од мали и им се даваат најтешките работни задачи.

Организацијата „Надвор од четирите ѕида” отвора интернет кафулиња ширум Непал и им овозможува на младите девојки да работат, а истовремено и да се стекнат со образование преку интернет. На тој начин им се овозможуваат подобри услови за живот и посигурна иднина.

Прекрасната скулптура е само дел од многуте скулптури на талентираната Трина која смета дека уметноста создадена од живи човечки суштества најдобро допира до луѓето и претставува посебно искуство за уметникот, но и за оние кои имаат можност да уживаат во ваквиот вид уметност.

Што гледате на оваа фотографија, фотографии, скулптури, уметност, образование на жените, непал, сликање на човечки тела, nepal, umetnost, obrazovanie na zenite

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1602 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус