Здравје, Здрави навики

Топ совети за здрава и балансирана исхрана

07 август, 08:29

Здравата и правилна исхрана е неопходна за нормално функционирање на организмот и одржување на доброто здравје.

Клучот за здрава и балансирана исхрана се крие во неколку едноставни совети кои ќе нè поттикнат, но и ќе нè потсетат на она што можеби сме го знаеле, а сепак не го применуваме кога исхраната е во прашање.

 

Баланс меѓу калориите и дневните активности

Иако е тешко да се внимава на бројот на калории кои секојдневно ги внесуваме, добро е да се води сметка за следното: Јадете онолку колку што трошите, односно, ако не сте доволно активни во текот не денот, не ви е потребна ни голема количина храна.
Во просек, на возрасен маж му се потребни околу 2.500 калории дневно, а на возрасна жена околу 2000.

Колку калории внесувате вие? Можеби следната листа ќе ви помогне да направите приближна проценка.

парче леб = 84 калории
200 гр. пилешки гради = 342 калории
100 гр. чоколадо = 530 калории
чаша кока кола = 139 калории
хамбургер (100 гр.) = 254 калории
100 гр. помфрит = 253 калории

 

Незаситени масти

На секој организам му се потребни масти, но заситените масти се многу штетни за срцето и го покачуваат нивото на холестерол. Обидете се да избегнувате храна која содржи заситени масти, особено биено сирење, колачи, колбаси, павлака, путер, маст и пити. За разлика од нив, растителната храна и рибата содржат незаситени масти кои се корисни за организмот.

Сол и шеќер

Иако се потребни во исхраната, не претерувајте со премногу солена или блага храна. Повеќе од 15гр. шеќер во 100 гр. храна е храна со високо ниво на шеќер, а повеќе од 1.5 гр. сол во 100 гр. храна значи високо ниво на сол.
Поголем дел од храната која секојдневно ја внесуваме во организмот во себе веќе содржи одредено количество на сол или шеќер, па секое додавање може да доведе до надминување на она што значи здрава храна.

Кога еднаш ќе почнете да водите сметка на начинот на исхрана, постепено ќе стекнете навика да се храните здрави и ќе обрнувате повеќе внимание на видот и количината на храната која ја внесувате.

Здравите навики не се стекнуваат лесно, но вреди да се потрудите бидејќи користа од нив е непроценлива.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 7261 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус