Занимливост, Интересно

Зошто токму 1 Мај е ден на трудот?

01 мај, 00:01

Сите го празнуваме 1 Мај како ден на трудот и традиционално на овој ден одиме на ливада, каде во добро друштво, со музика и скара го одбележуваме денот на работниците. Малку чуден начин да се одбележи овој ден нели?

Дали некогаш сте се запрашале како всушност започна празнувањето на овој ден?

Сè започна во далечната 1886 година, во Чикаго, кога работниците излегоа на штрајк барајќи да се воведе 8 часовно работно време. Демонстрациите низ Чикаго завршија со брутални напади на полицијата, а дел од демонстрантите беа убиени.

Токму во нивна чест, преку 80 земји во светот го слават Меѓународниот ден на трудот како државен празник, а многу други земји го одбележуваат, иако не им е официјален празник.

Интересно е што САД и Канада не го слават 1 Мај, со цел да го избегнат сеќавањето на бруталниот однос на полицијата и трагичниот развој на демонстрациите во Чикаго.

1 Мај е ден кога работниците треба да го дигнат својот глас против економската нееднаквост и големиот јаз меѓу богатите и сиромашните.

На сите вредни луѓе кои чесно си го заработуваат парчето леб им посакуваме среќен празник!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4060 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус