1 Јули

01 јули, 00:01

Во 1967 година во Куманово е роден Тони Михајловски, македонски актер, водител и шоумен. 

По завршување на Факултетот за драмски уметности во Скопје станува член на Македонскиот народен театар, во 1994 година. Во својата богата актерска кариера голема популарност стекнува со своите улоги во филмовите „Бал-кан-кан“, „Панкот не е мртов“, „Буре барут“ и „Збогум на 20-от век“. 

Во 2010 година ја понесе наградата за најдобар актер на петтиот Меѓународен театарски фестивал во Крагуевац, Србија. 

Многумина уживаат во неговата телевизиската емисија „Опуштено со Тони и Део“, како и во неговата улога како водител на шоуто „Танц со ѕвездите“.

За многумина контроверзен и премногу отворен, Тони Михајловски е еден од најдобрите македонски актери и водители.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 871 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус