Здравје, Здрави навики

10 лоши навики кои ги оштетуваат бубрезите

07 јули, 07:00

Бубрезите ја прочистуваат крвта од непотребните материи кои потоа се исфрлаат преку мочниот канал. Сместени се во пред стомачната обвивка, односно во ретропериотонеалниот простор од последниот граден прешлен до вториот слабински прешлен. По својата форма наликуваат на зрно грав. Основна функција на бубрезите е да ја одржуваат хомеостазата, односно постојаноста на внатрешноста на организмот. Тој е главен екзекутивен орган на телото. 

Најчести болести на бубрезите се: заболувања на мочни патишта, мочни канали, кристали, воспаленија на бубрезите, уретри, бешика, проблеми со мокрење, проблеми со мочните патишта, воспаленија на мочни патишта, простата, камен во бубрези, песок во бубрези, ноќно мокрење, инсуфициенција на бубрези, зголемен креатинин, мокрачна киселина (песок во бубрези, бубрежен камен, воспаленија, талог).

Нарушувањето на неговите функции може да предизвика низа видливи симптоми, како што се:

  • промени во урината
  • отекување
  • вртоглавица и повраќање
  • анемија и проблеми со концентрацијата
  • постојано чувство на студ
  • губиток на здив
  • премореност
  • јадеж и чешање на кожата
  • лош здив
  • болки во нозете и половината.

Доколку ги имате некои од овие симптоми задолжително консултирајте се со вашиот лекар. 

Но, сте се запрашале што предизвикува оштетување на бубрезите?

Одговорот секогаш се крие во нашите лоши навики и негрижата за нашето здравје. Десет лоши навики со кои ги оштетуваме бубрезите се:

  • ненавремено празнење на мочниот меур
  • недоволно конзумирање на вода и течности
  • конзумирање на преголемо количество сол
  • неправилно и ненавремено лекување на инфекциите
  • конзумирање на преголема количина месо
  • слаба исхрана
  • преголема количина на аналгетици
  • ненавремено земање соодветни лекови кои ќе ја подобрат работата на бубрезите
  • конзумирање на големо количество на алкохол
  • голем замор.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 4714 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус