Животен стил, Живеј квалитетно

10 најчести причини поради кои мажите изневеруваат

17 јули, 07:02

Кога неверството ќе излезе на виделина, врската никогаш повеќе нема да биде иста. Сè што се градело со години може да се сруши за миг, за никогаш повторно да не се изгради.

Неверните брачни другари го знаат ризикот, а сепак свесно влегуваат во недозволени врски.

 

 

Што е тоа што ги тера луѓето да бидат неверни?

Иако и двата пола речиси подеднакво изневеруваат, ќе се задржиме на причините поради кои мажите се одлучуваат на неверство.

Ова се најчестите причини поради кои мажите ги изневеруваат своите партнерки, според истражувањето на Рут Хаустон која веќе 17 години го проучува неверството и интервјуирала преку 10 000 луѓе кои на некој начин биле поврзани со неверство (изневериле или биле изневерени).

Мажите генерално изневеруваат бидејќи:

  • Не знаат да кажат Не, па кога ќе им се укаже можност, ја користат.
  • Неверството е начин да го нахранат своето его и често е одлика на мажи со ниска самопочит.
  • Чувствуваат притисок од пријателите кои постојано раскажуваат за своите неверства, па и самите се придружуваат на кругот неверни мажи.
  • На неверството гледаат како на успех, чувствуваат моќ од помислата дека можат да го издржуваат и семејството и љубовницата.
  • Премногу се самобендисани па сметаат дека заслужуваат да бидат неверни.
  • Сметаат дека нема да бидат откриени од страна на партнерката или дека таа лесно ќе им прости.
  • За да ја докажат машкоста.
  • Несвесно се вљубиле во друга жена, па она што започнало како афера, прераснало во длабока врска на која не можат да стават крај.
  • За да докажат дека сè уште се во игра (особено повозрасните мажи).

Едно друго истражување, спроведено врз 200 мажи од страна на еден брачен советник, покажало дека:

  • 48% од мажите изневеруваат поради недостиг на емоционална топлина од страна на брачните другари, а само 8% поради телесно уживање.
  • Речиси 70% од мажите кои ги изневериле партнерките чувствувале грижа на совеста поради неверството.
  • 77% од неверните мажи имале добар пријател кој исто така бил неверен.
  • Само 12 % од неверните мажи изјавиле дека нивната љубовница изгледа подобро од нивната партнерка, што значи дека ни физичкиот изглед не е пресуден за неверство.
  • Најголем процент од неверствата се случиле со колешка од работа.

Кои и да се причините, ниедна не е доволно силна или разумна и не може да го оправда неверството.

Неверството во бракот е реалност која може да се избегне само со здрав разум и силна волја. Кога на вага ќе го ставите сето она што сте го граделе со партнерката од една страна и возбудлива авантура која може да го сруши вашиот свет од друга, што ќе има поголема тежина?

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2122 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус