11 Јуни

11 јуни, 00:01

Во 1959 година во Оксфорд, Англија, е роден актерот, комичарот, и докажаниот музичар, мулти талентираниот Хју Лори.

Тој се запиша во листата на славните со брилијантно одиграниот лик на груб и арогантен д.-р. Грегори Хаус, во телевизиската драма „Dr House”.

Познатиот доктор стана многу славен и во САД, затоа што серијата имаше одлична гледаност и подолго време се наоѓаше на врвовите на филмските листи.

Пред да почне да работи на овој проект, Хју Лори во Велика Британија, имаше улоги во филмови и театарски претстави, во кои го покажуваше неговиот талент за комедија, улоги по кои беше препознатлив како еден од најдобрите англиски комедијанти.

Настапот во серијата „Dr House”на Лори му донесе две награди Златен глобус, во 2006 и 2007 година. 


  


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 537 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 Јуни

23 Јуни

Во 1972 година во Марсеј, Франција, е роден светски познатиот фудбалер Зинедин Зидан.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус