13 октомври

13 октомври, 00:01

На денешен ден се навршуваат 11 години од смртта на Ѓорги Колозов, еден од нашите најпознати актери кој остави траен печат во афирмацијата на нашата традиција.

Колозов оствари бројни улоги во претставите во Македонскиот народен театар, а глумеше и во неколку филмови.

Ќе остане запаметен како праведниот цар, снаодливиот арамија и мудриот селанец од „Македонските народни приказни”, серија која е богат извор на поуки и мудрости, а кои Колозов знаеше толку убаво да ни ги пренесе, на само негов својствен начин.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1027 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус