Занимливост, Интересно
14 годишно момче - генијален фотограф
Зев е мал генијалец кој има неверојатен талент за надреални фотографии. Благодарение на неговиот талент и бујната фантазија, Зев создава прекрасни надреални автопортрети.
Чудото од дете зема обични фотографии на кои е фотографиран тој или некој од неговите блиски и ги намалува личностите на фотографиите во однос на предметите кои ги опкружуваат. На тој начин добива сосема нови фотографии кои наликуваат на Земјата на Чудата, само што овој пат Зев е главниот јунак на приказната.
Серијата фотографии е насловена како „Малите луѓе”, а во создавањето на овие несекојдневни автопортрети му помогнала неговата 17 годишна сестра.
Иако во душата е дете, гледајќи низ призмата на фотографијата Зев е вистински мајстор кој стои рамо до рамо со некои од најголемите фотографи во светот.
Уживајте во прошетката низ Земјата на чудата.
Додади коментар