14 Септември

14 септември, 00:01

Во 1983 година во Лондон, во Англија, е родена познатата пејачка Ејми Вајнхаус.

Вајнхаус влегла во музичкиот бизнис на возраст од 16 години, кога еден нејзин соученик ја покажал во јавноста нејзината демо лента, на која биле снимени голем број препеани песни кои Вајнхаус ги снимала во слободното време. 

Откако музичките продуценти го слушнале нејзиниот глас веднаш и понудиле соработка и така Ејми го потпиша својот прв музички договор, најпрво како џез вокалист, а нејзината музика подоцна процвета во еклектичен микс на џез, поп, соул и R & B.

Вајнхаус освои пет Греми награди за нејзиниот албум од 2006 година „Back to Black”, и заработи признанија за песните „Rehab”, „Back to Black” и „Valerie”.

Вајнхаус трагично загина на 23 јули, 2011 година, на возраст од 27 години од случајно труење со алкохол.

Денес се потсетуваме на музиката на Ејми Вајнхаус.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 440 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус