15 Септември

15 септември, 00:01

Во 1946 година, во Сан Саба, во Тексас, е роден актерот Томи Ли Џонс.

Откако дипломирал на Харвард, се преселил во Њујорк, а потоа во Холивуд, каде ја започнал својата филмска кариера која драматично се променувала од година во година.

Улогите кои ги играше го обележуваа и неговиот приватен живот, па така од домаќински човек, улога која ја одигра во 1993 година во филмот „Бегалецот”, премина во човек кој се бори против злото заедно со Вил Смит во продолженијата „Луѓе во црно”.

Свои незаборавни настапи имаше и во филмовите „Нема земја за старци” и „Линколн” од 2012 година.

Томи Ли Џонс е шампион во поло играње. Сопственик е на 3.000 хектари ранч во неговото родно место во Сан Саба, кое е 150 милји оддалечено од Сан Антонио.

Во приватниот живот, Томи Ли Џонс зад себе има два неуспешни и еден засега успешен брак.
Тој од 1995 година е во брак со фотографката Зора Лорел со која се сретнаа за време на снимањето на телевизиската серија „Старите добри момци”, која ја режираше самиот Томи Ли Џонс.  


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 297 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Септември

18 Септември

Во 1961 година е роден Џејмс Гандолфини, американски актер. Џејмс Гансолфини или познат како Тони Сопрано, по својата улога во телевизиската серија „Сопранови“.

© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус