Мој предлог, Книга

„17 Правила за подобар живот” - Ог Мандино

04 октомври, 06:55

Ог Мандино за неговите читатели претставува олицетворение на среќата, успехот и позитивните мисли. 
Човек кој е способен да напише толку инспиративни книги мора да е среќен.

Но дали тој се родил таков или пак животот го научил на тоа со помош на некои од најтешките можни лекции?

Во книгата „17 Правила за подобар живот”, Ог Мандино како никогаш порано се отвора кон своите читатели и открива делови од своето минато за кои никој не би помислиле дека ги преживеал.

Верувале или не, еден од најинспиративните автори на денешницата, на својата 35 годишна возраст бил безнадежен пијаница на кого малку му недостасувало последните неколку долари да ги потроши за купување на стар пиштол со кој сакал да си го одземе животот.

Но дали неговото минато ја намалува вредноста на неговите дела? Напротив, јас би рекла дека тоа уште повеќе ја зголемува нивната вредност. 

Ог Мандино е личен пример дека во човекот постои сила со која самиот може да се спаси и од најбезизлезната ситуација во животот и да се издигне до височини за кои никогаш не сонувал.

Оние кои веќе ја прочитале оваа книга имаат само најпофални зборови и искрено ја препорачуваат секому кој се уште не ја прочитал.

Еве што велат некои од нив:

... Ог Мандино го води читателот до подобрување на својот живот преку практикување на едноставни стратегии ...

... Едно од најважните правила кои ни ги дава е дека на децата им требаа родители кои им даваат позитивни примери, а не кои постојано ги критикуваат ...

... Читањето на еден единствен параграф од оваа книга ме натера и да се смеам и да плачам ...

... Ог Мандино ни го покажува патот до успехот и го мотивира нашиот дух да го постигне сето она за што сме способни како човечки суштества...


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2885 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

5 Јули

5 Јули

Во 1989 година е роден Шон О`Прај, американски машки модел роден во Грузија.

© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус