18 Мај

18 мај, 00:01

Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раководител на Македонската револуционерна организација. 

Потекнувал од занаетчиско семејство, поради што и самиот го изучувал чевларскиот занает.

Подоцна, во гимназиските денови кои ги поминувал во Бугарија, во градот Дупница, почнал да чита револуционерна литература која кај него побудила чувство за долг кон татковината кој требало да се исплати. 

Во 1901 година, со помош на Гоце Делчев, Сандански формирал своја чета со која навлегол во Пиринскиот дел на Македонија и со тоа започнал да агитира во името на Македонската револуционерна организација. 

Помеѓу револуционерите бил познат уште и како Сандан паша и Пиринскиот цар. 

За слободата и самостојноста на Македонија Сандански, како и многу други револуционери го положил својот живот. 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2515 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус