20 Ноември

20 ноември, 12:17

Во 1956 година, во Калифорнија е родена актерката Марија Кетлин Колинс, подоцна позната за филмската јавност како Бо Дерек.
Како мала се занимавала со манекенство и била многу амбициозна манекенка.

На 16 години се запознала со нејзиниот иден сопруг, актерот, режисерот и кинематографот Џон Дерек, кој што ѝ ги отворил вратите кон филмската уметност и од неа подоцна направил филмска ѕвезда.

Бо Дерек на 18 годишна возраст се омажила со Џон Дерек, кој бил цели 30 години постар од неа.

Бо Дерек набргу после нејзиното појавување на големото филмско платно прерасна во секси симбол бидејќи во текот на 70 - те и 80 - те години се појавуваше во филмови и играше ликови кои ја нагласуваа  и истакнуваа нејзината сексипилност.

Остана запаметена по одлично одиграните улоги во филмовите „10” (1979), „Тарзан - човекот мајмун” (1981) и „Болеро” (1984).

Се потсетуваме на сцени од филмот „Тарзан - човекот мајмун” кој ја направи Бо Дерек да биде една од најбараните и најплатените актерки за тоа време.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1091 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2023 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус