23 Јуни

23 јуни, 00:01

Во 1972 година во Марсеј, Франција, е роден светски познатиот фудбалер Зинедин Зидан.

Во 1998 година Зинедин Зидан играше за националниот тим на Франција и ѝ донесе победа на светското првенство, а ФИФА го прогласи за играч на годината.
По оваа титула Зинедин Зидан е баран од повеќе светски клубови кои сакаа токму за нив да настапува овој извонредно талентиран фудбалер, па така после освојувањето на светскиот куп со Франција, Зидан настапуваше и за тимовите на Италија и Шпанија. 

Неговата кариера заврши на многу шокантен начин, кога поради удар со главата во градите на играч од спротивниот тим, беше протеран од финалето на Светското првенство во  2006 година.

Но и покрај неговиот неславен крај на фудбалската кариера, тој е сепак се смета дека е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и впишан е во листата на фудбалските легенди и великани.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 487 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус