24 август

24 август, 00:01

Во 1947 година, во Бразил е роден Пауло Коелјо, еден од најчитаните автори на денешнината.

Автор е на 30 книги, од кои три се автобиографски.

Неговите дела се преведени на многу светски јазици, а неговото најдоброто дело „Алхемичарот” е една од најпродаваните книги во историјата на пишаниот збор, преведена на 70 јазици, добитник на Гинисов рекорд за најпродавана книга од автор кој сè уште е жив.

„На брегот на реката Педра седев и плачев”, „Единаесет минути”, „Брида”, „Петтата гора”, „Алеф” се само дел од прекрасните книги произлезени од перото на мајсторот на пишаниот збор чие име е познато во секој дел од светот.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1977 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус