26 Мај

26 мај, 00:01

Во 1964 година во Бруклин, во Њујорк, е роден познатиот музичар и изведувач Леонард Алберт Кравиц, познат под уметничкото име како Лени Кравиц.

Неговиот прв албум „Let Love Rule” беше пуштен во употреба во 1989 година и постигна огромен успех.

Во 1998 година, Лени Кравиц освои Греми музичка награда за албумот „Five” и со овој издаден албум се запиша во листата на врвни музички изведувачи.

Во 2004 година издавањето на албумот „Baptism” покажа дека Кравиц е голем ентузијаст кога станува збор за креирање и правење на музика. После овој албум следеа албумите „It is Time for a Love Revolution”(2008) и „Black and White America”(2011).

Во 2009 година, Лени Кравиц го направи своето прво филмско деби, појавувајќи се во филмот „Precious”. Одигра уште една забележителна улога во филмот „The Hunger Games” и со тоа покажа дека подеднакво добро се снаоѓа и во филмот и во музиката. 

Други познати и многу слушани албуми од него се „Mama Said” и „Are You Gonna Go My Way”.

Во последните неколку години Лени Кравиц се пресели да живее на мал остров на Бахамите, каде ги најде мирот и инспирацијата, нешта по кои трагаше во текот на неговиот живот. 

Денес уживајте во прекрасната музика од Лени Кравиц.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 888 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус