27 Јули

27 јули, 00:01

На денешен ден во 1983 година е роден Горан Пандев, капитен на македонската фудбалска репрезентација. Својата фудбалска кариера ја започнува во ФК Беласица. На осумнаесет годишна возраст потпишува договор со ФК Интер од Милано, Италија. По три години Пандев се сели во ФК Лацио. Во 2009 година е прогласен за најдобар стрелец во Купот на Италија со постигнати 7 гола.

Во зимскиот преоден период во 2010 година Пандев после четиримесечно отсуство од фудбалските терени се сели во ФК Интер. Со екипата на ФК Интер ги постигнува и најголемите успеси во својата кариера, освојувајќи четири шампионски титули. Во 2011 година настапуваше во дресот на ФК Наполи како позајмен играч, што по нецела година беше решено со потпишување на постојан договор со клубот. 

На два пати беше избран за најдобар спортист на Македонија, во 2007 година и во 2010 година.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 641 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Септември

16 Септември

Во 2010 година НАСА и Меѓународната астрономска унија го донесоа решението со кое едно од езерата на Сатурновата месечина Титан е именувано во чест на Охридското Езеро.

© 2021 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус