28 Мај

28 мај, 00:01

Во 1968 година во Мелбурн, Австралија, е родена мега популарната пејачка Кајли Миног, која пред да почне да се занимава со музика беше омилена ТВ актерка која се појавуваше во разни серии и филмови.

Нејзините хитови „Spinning Around”, „Can't Get You Out of My Head”, „Slow” и „Time Bomb” ѝ донесоа светска слава, по што Кајли Миног прерасна во еден вид на глобален феномен кој прикажува специјален танц, изведувајќи ги нејзините познати електронски музички хитови.

Нејзините хитови доминираат на повисоките места на меѓународните поп и денс музички листи и се слушани од сите возрасти.

По успешната борба со ракот на дојка, Кајли Миног и понатаму продолжува успешно да се докажува како изграден и врвен музичар, компонирајќи и создавајќи музика, која е во склад и ги прати сите нови музички трендови.

Паралелно со музиката сега, како и порано во нејзиниот живот, продолжува да се докажува и како одлична актерка. Позабележителни филмски остварувања во кои таа остави свој белег се: „The Delinquents” (1989), „Moulin Rouge” (2000) и „Jack and Diane” (2012).

Денешниот ден и го посветуваме на жената борец која успешно му се спротивстави на ракот и продолжува да го живее својот животен сон.

Среќен роденден Кајли!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 979 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус