29 Јуни

29 јуни, 00:01

Во 1978 година во Хонолулу, во Хаваи, е родена познатата и сексипилна пејачка Никол Шерцингер.
По нејзиното раѓање, нејзините родители одлучија да се разделат, па така Никол остана да живее со нејзината мајка, а подоцна и со очувот.
На 6 годишна возраст се преселиле во Кентаки, каде Нокол го поминува нејзиното детство.

За натпреварувањето и учеството во реалното шоу и серија „Popstars”, Никол си создаде нејзино уметничко име и благодарение на овој натпревар, во кој таа ги докажа нејзините гласовни способности, се издвои од останатите учеснички и заслужено го доби главното место на пејачка во женската група „Eden's Crush”.

Во 2003 година Никол е водач и главна ѕвезда на групата „Pussycat Dolls”, со која постигна огромен успех.

Во 2009 година ја напушта групата, но нејзиниот успех не опаѓа, напротив се зголемува бидејќи таа се докажа и како многу добра сингл пејачка. 
Во тој период Шерцингер е поставена и за судија на „The X Factor”, што дополнително придонесе за зголемување на нејзината слава.

Денес во чест на нејзиниот роденден, се потсетуваме на еден од најголемите хитови на групата „Pussycat Dolls”.
Уживајте!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 541 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус