3 април

03 април, 00:01

Во 1924 година е роден Марлон Брандо, легендарен холивудски актер, еден од најдобрите филмски и театарски актери на сите времиња.

За него режисерот Мартин Скорсезе ќе рече: „Марлон Брандо е печат во филмската индустрија. Историјата на филмот се дели на Пред Брандо и После Брандо”.

Ќе остане запаметен по бројните филмски улоги, Оскарите за најдобра улога и безвременските „Трамвајот наречен копнеж”, „Кум”, „Последното танго во Париз” и „Апокалипса сега”.

Марлон Брандо беше и активист кој се бореше за човековите права, особено за правата на Афро - Американците и Индијанците.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 660 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

14 април

14 април

На денешен ден се навршуваат 17 години од смртта на Видое Подгорец, еден од најплодните македонски писатели, поет, романсиер, патописец и раскажувач.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус