Здравје, Природни лекови

3 природни лекови против воспаление на грлото

06 октомври, 06:47

Болките во грлото кои се јавуваат при голтање, покачената телесна температура, главоболките и болките во коските и мускулите, се показатели дека е намален имунитетот на организмот. 

Овие здравствени проблеми најчесто се појавуваат во овој период од годината, кога вирусите и бактериите се насекаде околу нас.

При воспаленија на грлото и крајниците и при добивање на настинка која во најголем број од ваквите случаи е попратна појава, најдобро е да пробате да се лечите по природен пат, притоа не внесувајќи антибиотици, кои често имаат контра индикативни последици.

Природните продукти како овошјето и зеленчукот кои природата ни ги дава „сервирани” на тацна, треба колку што е можно повеќе да ги користиме во секојдневната исхрана. Така не само што ќе бидеме поздрави туку ќе бидеме и по имуни на болести, воспаленија и настинки.

Следните природни лекови и народни рецепти ќе ве ослободат од непријатните болки во грлото и ќе го зголемат вашиот имунитет. 

Топли облоги околу вратот

  • Мека ткаенина или марама која ќе можете да ја премотате околу вратот натопете ја во раствор од киселина и вода, ракија или растворен алкохол. Чувајте ја марамата два часа па потоа повторете ја постапката уште неколку пати во текот на денот.

Лимон

  • Појавата на ангина навреме ќе ја спречите доколку неколку пати во текот на денот шмукате по две парчиња лимон без кора, кои треба да ги поставите во усната шуплина, колку што може поблиску до крајниците. Откако ќе ги ишмукате парчињата, можете слободно да ги голтнете и после половина час да ја повторите истата постапка.

Плакнење на грлото

  • Во една чаша свежо исцеден сок од цвекло, ставете една мала лажичка издробен лук и дополнете ја чашата со превриена и изладена вода. Течноста оставете ја да се излади, но мешајте ја на секој половина час. Потоа исцедете ја и со неа плакнете го грлото неколку пати на ден, правете гаргара. Верувајте дека ќе ги уништите сите штетни бактерии и вируси и ќе му помогнете на вашиот имунитет да стане појак.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 19123 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус