30 Јуни

30 јуни, 00:01

Во 1974 година во Линколн, во Небраска, е родена актерката Хилари Свонк.

Како дете Хилари имаше многу тешко детство. Нејзините родители не се согласуваа баш најдобро и на 6 годишна возраст нејзиниот татко го напушти семејството.

Како млада девојка Хилари помина дел од нејзиното детство живеејќи во приколка, во парк, во Вашингтон. 
Одеше на атлетика, на пливање и на гимнастика, но рано во нејзиниот живот откри дека сака да стане актерка.

Откако нејзината мајка ја изгуби работата, двете се преселија во Лос Анџелес и живееја во нивниот автомобил, цело време додека се обидуваа да добијат некаква работа.

Напорите на нејзината мајка, Хилари да стапи во контакт со некој филмски менаџер конечно се исполнија. 
Така Хилари на почетокот на нејзината филмска кариера почна да добива мали, споредни улоги во не толку познати филмови. Но подоцна, кога дојдоа до израз нејзините актерски способности, Свонк беше ангажирана од повеќе светски познати режисери, благодарение на кои ја остави сиромаштијата зад неа.

Филм кој засекогаш ќе го збриши сиромашното минато од нејзиниот живот е „Million Dollar Baby” од режисерот Клинт Иствуд од 2004 година, во кој Свонк одлично ја одигра улогата на женски боксер.

За одличната глума во овој филм, како и за филмот „Boys Don't Cry” од 1999 година, Свонк заработи и Златен глобус и се вброи во листата на успешни и докажани актерски имиња.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 517 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Март

19 Март

Во 1955 година, во западна Германија е роден познатиот актер Волтер Брус Вилисон, или познат во филмската светска јавност како Брус Вилис. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус