30 Мај

30 мај, 00:01

Во 1953 година во Даблин, Ирска, е роден познатиот ирски актер Кол Мини. 

Со глума почнал да се занимава уште од мала возраст.

Прво зачекорил на театарските штици што живот значат, а потоа започнал и со снимање филмови.

Негов прв долгометражен филм, кој за многу кратко време стана хит, беше „Omega Syndrome”(1986), а исто толкав успех, во кој одлично  ја одигра улогата на инженерот Miles O'Brien, беше и филмот „Star Trek: Deep Space Nine”.

Со „Star Trek” филмовите, овој ирски актер стана популарен и омилен кај американската публика, а улогата на главен инженер во продолженијата од филмот ја играше од 1987 до 1999 година.

Други позначајни филмови во кои се има појавувано Кол Мини се: „The Commitments” (1991), „The Road to Wellville” (1994) и „Con Air” (1997).

Во 1993 година, овој актер доби номинација за Златен глобус за најдобар актер, за неговата улога на груб татко кој се соочува со непланирана бременост на неговата невенчана ќерка, во комедијата „The Snapper”.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 923 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус