Животен стил, Фенг шуи

4 едноставни (а супер ефективни) фенг шуи совети

17 мај, 09:35

Многубројните фенг шуи совети укажуваат на начинот на кој треба да се уредат просториите во домот. Се разбира, не е едноставно да се применат сите тие совети, бидејќи тоа би значело потполно нов распоред на целиот мебел и сите предмети во домот, а честопати тоа е невозможно.

Не само што просторот не дозволува да се ротира мебелот според фенг шуи, честопати и самите финансии не дозволуваат да направиме драстични промени во домот.

Доколку сте во таква ситуација, а сакате да внесете дел од позитивната фенг шуи енергија во домот, доволно е да примените некои едноставни совети за чија реализација не постои пречка, а резултатот ќе биде неверојатен.

Влезната врата нека асоцира на добредојде
Според фенг шуи, влезната врата во домот е устата на позитивната енергија, место низ кое влегуваат сите можности во вашиот дом.
Многу е важно вратата секогаш да е чиста, да изгледа убаво и да асоцира на добредојде. Старото дипле за пред вратата заменете го со ново, некое со интересна шарка и убави бои, обојте ја вратата во боја која вам ви причинува задоволство, доколку живеете во куќа, пред вратата од двете страни ставете саксии со цвеќе, сијалицата пред влезната врата секогаш нека е исправна за да не се случи влезната врата да е обвиена во темнина.
Токму овој дел од домот е оној кој ја создава првата импресија за тоа кои сте и што може да очекуваат оние кои влегуваат во вашиот дом. Каква порака ќе испратите зависи само од вас!

Домот е нашето огледало
Дали знаете дека домот ги отсликува нашиот внатрешен и надворешен свет? Тој е огледало на нашите светови, па секогаш треба да е чист и ослободен од расипани, скршени и гнили предмети. Ослободете се од сите ситници кои се поткршиле , а обратете внимание и на мувлата. Таа е многу отровна, па доколку делови од домот се подложни на мувла, спречете го нејзиното ширење и редовно чистете ги местата каде се појавува.

Тоалетната шолја – задолжително затворена
Многумина од нас немаат навика да го спуштаат капакот на тоалетната шолја. Оставајќи ја отворена е како да ја каните канализацијата да влезе во вашиот дом. Според фенг шуи, отворената тоалетната шолја ја црпи енергијата која треба да циркулира низ вашиот дом, едноставно ја вшмукува носејќи ја далеку од домот. Токму затоа, капакот на тоалетната шолја треба постојано да биде затворен.

Користете ги предметите со љубов
Опкружете се со предмети кои ви причинуваат задоволство, а не со предмети кои ги чувате долго време само поради чувство на должност бидејќи некој ви ги дал.
Не чекајте посебна пригода за да ги извадите најубавите чаши или сервис. Користете сè што ве радува, лично за себе, а не само за гости, и не заборавајте, во вашиот дом вие сте најважната личност, секогаш и во секоја пригода!


Доколку ви се допаднаа нашите фенг шуи совети, прочитајте ги и другите статии кои ќе ви помогнат да внесете добра енергија во домот, а со тоа и во животот.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5741 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Март

19 Март

Во 1955 година, во западна Германија е роден познатиот актер Волтер Брус Вилисон, или познат во филмската светска јавност како Брус Вилис. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус