Животен стил, Хороскоп и Нумерологија

4 нешта кои ги возбудуваат Вагите

02 октомври, 05:56

Вагите се чудесни хороскопски знаци кај кои позитивните особини и доблести силно надвладуваат над негативните.

Кога станува збор за љубовниот живот, Вагите не го даваат лесно своето срце, но кога ќе се заљубат, љубат верно, долго и искрено.

Ако вашиот партнер е Вага, добро е да знаете неколку нешта кои може навистина да го возбудат, а со тоа и да го зачинат вашиот љубовен живот.

Допирајте ги по грбот и задникот
Вагите уживаат во допирите по долниот дел од грбот и задникот. Тоа се нивните омилени жешки зони, затоа не двоумете се да им приредите уживање преку допир.

Утрински секс
Вагите се едни од ретките знаци кои обожаваат интимни моменти во раните утрински часови. Воопшто не им смета дневната светлина во спалната соба, напротив, сакаат кога нивниот партнер ги гледа и не се срамат да го покажат своето тело. Водењето љубов со запалено светло во вечерните часови е уште еден начин да предизвикате возбуда кај нив.

Масажа
Ако сакате на својот партнер Вага да му приредите вистинско уживање, масажата е одличен начин за тоа бидејќи Вагите обожаваат љубовни масажи.

Ласкање
Секој сака да добие комплимент одвреме навреме, особено Вагите. Ласкањето е одличен начин да ја разбудите страста во нив, па не двоумете се да им кажете колку се убави и секси.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3016 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус