Здравје, Здрави навики
4 супер зачини кои мора да станат дел од вашата исхрана
02 август, 06:24
Зачините се дел од секоја кујна. Ги користиме за да го подобриме и збогатиме вкусот на храната, но голем дел од нив се неверојатно корисни и лековити и треба да станат дел од секојдневната исхрана.Тие се моќни антиоксиданси кои го штитат организмот и помагаат при разни заболувања.
Цимет
Малите миризливи стапчиња помагаат при варењето на храната, содржат хранливи материи и лековити состојки, а го регулираат и шеќерот во крвта. Една мала лажичка цимет има иста количина антиоксиданси како половина шолја боровинки, или шолја свеж сок од портокали. Циметот има посебна арома и одлично се вклопува во исхраната. Користете го што почесто, во чаеви, во млеко, со мед, со житарици, јаболка, во колачи.
Оригано
Сигурно често го користите во пици и сосови, но дали знаете дека ориганото е еден од најмоќните антиоксиданси, кога станува збор за зачините. Една мала лажичка оригано заменува три шолји брокула. Одлично се вклопува во сосови, му дава посебен вкус на печеното пилешко, може да се користи со месо на скара, сендвичи.
Рузмарин
Ароматичното растение кое на храната ѝ дава посебен вкус, наоѓа голема примена и во медицината. Рузмаринот со векови се користи против артритис, ревматизам, сенилност, како и за заштита на срцето и превенција од срцеви заболувања. Малите миризливи гранчиња се одлична комбинација со сосови, маринади за разни видови месо, печени компири.
Ѓумбир
Наоѓа голема примена поради неговата моќ да го зајакне имунолошкиот систем, помага при отоци, воспаленија и болки, ја подобрува меморијата. Една мала лажичка ѓумбир има исто ниво на антиоксиданси како една шолја спанаќ. Се користи со супи и чорби, сосови, печено месо.
Екпериментирајте со зачините и користете ги што почесто. Заменете ги солта, шеќерот и мастите со здрави и вкусни зачини. Зачинете по ваш вкус, но зачинете хранливо и здраво.
извор: Мој Портал
автор: Stojkoska Monika
Оваа вест е прочитана 2893 пати.
Додади коментар