Животен стил, Живеј квалитетно

5 нешта кои ќе ве направат посреќни

30 март, 00:27

Како го поминувате слободното време? Дали понекогаш имате чувство дека сакате да направите нешто, а не знаете што?  Или пак знаете што сакате, но не се осмелувате бидејќи не верувате доволно во себе?

Воопшто не е важно дали имате дарба за некоја активност, бидејќи сè додека активноста ве исполнува, крајниот резултат не е важен.

Доколку сè уште немате хоби, време е да започнете нешто што ќе го правите само за себе, нешто што ќе ве исполни и усреќи.

Изберете некој од нашите предлози или одлучете се за нешто сосема друго, но задолжително најдете си хоби и пополнете го чувството на празнина.

Цртање и Сликање
Ова е една од моите омилени активности, иако немам некоја голема дарба за цртање. Цртајте едноставни нешта, уживајте во секое движење на моливот или четката по хартијата, радувајте му се на своето уметничко дело. Ако цртањето ве исполнува, тоа е одлично хоби за вас.

Споменар
Ви звучи малку смешно? Верувајте дека не е. Изработката на споменар бара време, труд и љубов. Зборуваме за споменар кој сами ќе го осмислите, ќе го исполните со фотографии, честитки, писма, исечоци од весници, ткаенини, ќе напишете збор - два за некој важен период од животот... Споменарот не е нешто кое се прави преку ноќ. На него може да работите цел живот и да прерасне во драгоцено наследство за идните генерации. Замислете ја радоста и возбудата на вашите внуци или правнуци кои ќе имаат можност долго да ги прелистуваат страните на стариот споменар кој им го оставиле нивните предци.

Пишување
Ако мислите дека ќе се пронајдете себеси во оваа активност, веднаш ставете ги вашите мисли на хартија, какви и да се. Раскажете ја својата приказна, напишете љубовно писмо кое никогаш нема да го пратите, водете дневник... Којзнае, можеби имате скриен талент за пишување, па ова хоби ќе го извади на виделина!

Шиење, Плетење, Везење
Ако имате барем малку дарба за овие активности, шиењето и плетењето може да бидат доста интересни. Крајниот резултат можеби нема да биде доволно добар, но тоа воопшто и не е целта. Сè додека не ве заморуваат, шиењето и плетењето се одличен начин да ја покажете креативноста и да заборавите на секојдневните проблеми. Везењето пак не бара дарба, ни креативност, и токму тоа ја прави оваа активност совршено хоби.

Читање
Мојот омилен начин на поминување на слободното време. Не само што ќе се одморите, туку и ќе научите нешто ново, ќе го пропатувате светот, ќе уживате во секој миг поминат со книгата во раце. Има толку многу причини за читањето да стане ваше омилено хоби.

Кое е вашето хоби?

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1897 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус