Мој предлог, Книга

5-те најромантични книги кои мора да ги прочитате

12 септември, 11:14

Времето почнува да заладува, а тоа значи поголема чувствителност, потреба за нежност и топла прегратка. Ако сте ненаситен романтичар препуштете се во прегратките на 5-те најромантични книги кои вреди да ги прочитате.

 

 

 

 

1. „Гордост и предрасуди“ - Џејн Остин

Класика напишана од еден од најпознатите новелисти на сите времиња. Станува збор за приказната на Лиз Бенет и г-дин Дарси, која ќе ви помогне да го преболите тешкото раскинување со вашиот партнер или лошиот ден.

„Gordost i predrasudi“

2. „Еден ден“ - Дејвид Николс

Љубовна приказна која во 2011 година беше снимена и на филмското платно. Интересна, романтична  и на моменти тажна приказна за двајца млади дипломци чии патеки ќе се вкрстат.

„Eden den“

3. „П.С.: Те сакам“ 

Приказна за љубовта, скршеното срце и тагата. Книга која само емоционално цврстите личности имаат сила да ја прочитаат. Од бестселер „П.С.: Те сакам“ прерасна во филмски хит.

„P.S.: Te sakam“

4. „Мали жени“ - Луиза М. А.

Приказна за љубовта меѓу четирите сестри. Нешто што е многу поразлично од класичните љубовни приказни.

„Mali zeni“

5. „Однесено со виорот“ - Скарлет О. Хара

Во времето на граѓанската војна во Америка, авторката својата мета ја поставува не само на овој важен период за американците, туку и на една љубов. Долга приказна за која потребно е многу слободно време и желба за да ја прочитате.

„Odneseno so viorot“

Нема нешто подобро од одмор со добра книга и татнежите од капките дожд на прозорецот. Дозволете есента да ве поведе на нејзиното прекрасно патување.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 4532 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус